Филипче: Можеме да се надеваме на колективен имунитет до крајот на летото

by fokus

Министерот Венко Филипче вели дека до крајот на летото можеме да се надеваме на колективен имунитет само доколку продолжи масовната вакцинација.

-Навистина охрабрува големиот одзив кај граѓаните за теренската вакцинација.
Секоја чест и за сите колеги здравствени работници кои се вклучени во оваа операција. Граѓаните масовно да се вакцинираат, имаме одличен напредок во бројките на вакцинирани. Само со ова темпо можеме до крајот на летото да се надеваме на колективен имунитет, напиша министерот Филипче на фејсбук.

Поврзани новости