Свобода: ЕК реагира премногу доцна за состојбата во Македонија

by fokus 19:38
19:38

Европската комисија премногу доцна реагира на развојот на настаните во Македонија, оценува австрискиот европратеник Ханес Свобода, во интервјуто за „Јуропиан Вестерн Балканс“ (European Western Balkans) посветено на состојбата на социјалдемократијата во Западен Балкан.

Во однос на тоа дека Македонија е најслабо рангирана аспирантка за членка на ЕУ, според Индексот на слобода на медиумите, Свобода вели дека тоа е само еден од проблемите во земјата.

– Мислам дека слободата на медиумите како таква, е суштински елемент на демократијата и мора да се почитува во ЕУ. Тоа е основа за сите барања на земјите аспиранти за членство во ЕУ. Слободата на медиумите е само еден елемент на влошениот развој во Македонија. Европската комисијата реагира премногу доцна, а премалку за развојот на настаните во Македонија. Тоа е причината што повторно и повторно грубо се кршат основните парламентарни и медиумски права, вели Свобода.

Поврзани новости