Шахпаска: Со Ковид-19 заразени се 120 вработени и 18 деца од градинките, но вирусот не се шири внатре

by fokus

Според податоците од Министерството за труд и социјална политика заклучно со минатиот петок регистрирани се 120 позитивни вработени и 18 дечиња.

– Состојбата во градинкате покажа дека кога доследно се почитуваат протоколите препорачани од Комисијата за заразни болест, ризикот за инфекција од КОВИД-19 е сведен на минимум. Инфекцијата во градинките не се шири меѓу дечињата, тоа го докажуваат здравствените власти врз основа на следење на состојбата. Инфекцијата во градинките доаѓа од надвор. Показател за тоа е поголемиот број позитивни возрасни вработени во градинките, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Таа појасни дека на неделно ниво Министерството испраќа извештаи до Комисијата за заразни болести која врз основа на состојбата на терен ја следи епидемиолошката сосотјба и носи одлуки и мерки кои ги препорачува на Кризниот штаб за тоа како треба да однесуваме во периодот.

-Последниот неделен извештај што го испративме на Комисијата беше минатиот петок со состојба во моментот и тоагаш беа регистрирани 120 позитивни вработени и 18 дечиња. Кога велам вработени тука се мисли и на негуватели, воспитувачи, готвачи, хигиеничари и останатиот кадар. Од тие 120, 51 лице е воспитувач, 50 негуватели, а остантите 19 од останатиот кадар во градиндките. Бројот на лица коишто беа ставени во изолација секако е многу поголем некаде над 1.200 деца се во изолација заради тоа што тие имале контакт со позитивен вработен во градинката, односно тие не се позитивни туку се отстранети заради безбедносни причини, рече министерката Шахпаска.

Поврзани новости