Шахпаска пред шведската амбасадорка: Бев дел од парламент што донесе историски одлуки

by Фокус

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со шведската амбасадорка Кристин Форсгрен Бенгтсон, на која биле потврдени добрите меѓудржавни односи.

„Станавме членка на НАТО и нашата следна цел е и да бидеме дел од европското семејство, членка на Европската унија. Беше навистина голем предизвик да се биде дел од Парламентот кој донесе значајни и историски одлуки, кои пак значат просперитет на нашата држава и обезбедуваат подобар животен стандард за сите граѓани, истакна Шахпаска.

Од ресорното министерство информираат дека на средбата се разговарало и за предизвиците со кои се соочуваме како држава изминатиот период, во време кога целиот свет е исправен пред предизвикот од корона пандемијата, носењето на економските пакети насочени за помош на компаниите, граѓаните, а особено оние на кои помошта им беше најпотребна.

Поврзани новости