Љупчо Палевски е нападнат со шипка и боксирач, се наоѓа во критична состојба

by Фокус

Претседателот на движењето „Трета“, Љупчо Палевски-Палчо, попладнево е брутално нападнат и претепан.

Според информациите на Нетпрес, тој е во критична состојба во Систина, а лекарите се борат се неговиот живот.

Тој бил пресретнат и брутално нападнат пред својот дом на пат кон својата викендичка од непозната група на сторители.

Од неговата партија Трета на Фејсбук објавија:

“Палчо е пребиен од двајца на мотор пред куќа. Облечени во црно, со црни кациги. Со шипка маван и боксирачи по глава“.

Поврзани новости