Популарниот спрски фолк-изведувач Шабан Шаулиќ го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи утрово во Германија, кога со своето возило, во придружба на уште две лица, по настапот тргнал кон најблискиот аеродром.
Несреќата се случила на автопат помеѓу Билефелд и Дортмунд, по што Шаулиќ веднаш бил пренесен во болница, каде им подлегал на повредите и покрај напорите на лекарите да го спасат неговито живот.
Во моментот на несреќата, Шаулиќ не управувал со возилото, туку има возач, кој е повреден заедно со кумот на загинатиот, кој исто така бил во возилото.
Германската полиција утврдила дека до несреќата дошло откако во нивното возило марка „сеад ибица“ удрила „мазда 6“ од задната страна, управувана од 34-годишен Германец, кој возел пијан и без возачна дозвола, но минал со полесни повреди.