357
Агенцијата за обезбедување Секјурити груп сервисис (СГС) и годинава ќе го обезбедува Архелошкиот музеј, објект дел од проектот „Скопје 2014“. Тендерот „тежок 139.000 евра вчера беше објавен на сајтот на Бирото за јавни набавки, а бил потпишан уште пред шест месеци, или поточно на 4 февруари.
Овој објект и минатата година беше обезбедуван од Агенцијата СГС, но тогаш услугата ја наплатиле поевтино, односно 118.000 евра. Сега ја добиле зделката без многу мака, односно конкуренција, бидејќи се јавиле на огласот како единствен понудувач.
Оваа aгенција обезбедува поголем дел од објектите од проектот „Скопје 2014“, како и државни институции.