544
Агенцијата за обезбедување Секјурити Груп Сервисис (СГС) вторпат го доби тендерот за обезбедување на патарините во земјава. Договорот меѓу СГС и Јавното претпријатие за државни патишта е потпишан три дена по завршувањето на изборите во земјава, на 30 април.
На веб страницата на Бирото за јавни набавки денеска е објавен договорот меѓу СГС и Агенцијата. Според него, СГС ќе ги обезбедува патарините во земјава за повеќе од 230.000 евра. СГС го доби тендерот за обезбедување на наплатните станици и минатата година. Освен патарините, СГС обезбедува голем број други објекти во државата, вклучително и Триумфалната порта, Музејот на ВМРО и средните училишта во Скопје.