Сезен и Сефер Цаноски добија ќерка: Никогаш не мислев дека ќе се омажам и ќе раѓам во Македонија, животот е непредвидлив!

by fokus

Сопственикот на првиот приватен Универзитет ФОН, сега веќе Американски универзитет на Европа (АУЕ), Сефер Цаноски стана татко по трет пат.

Неговата сопруга Сезен на свет ја донела ќерката Адила Дефне, а среќниот татко ја сподели веста на социјалните мрежи, со желби таа да биде жива, здрава и бериќетна.

Бизнисменот, кој од првиот брак има две деца, со убавата Сезен се ожени во 2018 година.
Тогаш за ,,Фокус,, раскажа дека се сретнале случајно, во Истанбул, и им се случила љубов на прв поглед.
Првата ќерка ја добија во 2019 година, и раскажаа дека нивното животно мото е дека без љубов не може да се живее, функционира , ниту работи.

-Никогаш не мислев дека ќе се омажам, ниту пак дека ќе раѓам во Македонија. Но, ете, животот е непредвидлив. Од она што досега го видов и доживеав во оваа прекрасна земја, можам да кажам дека мој заклучок е како на Македонија и е потребна љубов и почитување – ни изјави Сезен пред три години, само две недели пред раѓањето на своето прво дете.

Вики Клинчарова

Поврзани новости