Со фотографија на глисерот на Шербеџија, Ана Стојановска и честиташе роденден на мајка и Силвија

by fokus

Со заеднички фотографии на глисер кој го управува актерот Раде Шербеџија, со неговата сопруга Ленка Удовички, актерката Ана Стојановска и го честиташе роденденот на својата мајка, Силвија.

Актерката наполнила 62 години, а ќерка и во честитката и порача да биде жива, здрава и убава.

Силвија, која е ќерка на познатиот актер Ацо Јовановски и беше сопруга на прерано починатиот актер Ненад Стојановски, зад себе има низа на театарски и филмски улоги, а пред две години се најде среде скандал, кога беше обвинета за шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија.

Беше осудена на три ипол години затвор, но во март годинава таа и нејзината одбрана поднесоа жалба до Апелациониот суд, со која бараат повторно судење или ослободување. По жалбата предметот се врати на повторно судење.

Во февруари годинава пак, таа за ,,Фокус” раскажа дека не знаела ништо за дрогата, и не очекувала затворска казна.

Порача дека не била и никогаш нема да биде криминалец, туку е човек кој има силно чувство за правда и неправда.

Инаку, Шербеџија е познат како голем љубител на морето, а за хрватските медиуми раскажуваше дека купил мал глисер, и често пати со пријатели одел на риболов.
Неодамна и Влатко Стефановски му беше гостин, а на социјалните мрежи објавија фотографија од патувањето од Фажана до Бриони со глисерот на Раде.

Вики Клинчарова

Поврзани новости