Убавата банкарка од Турција, Сезен Баш и нејзиниот сопруг, познатиот бизнисмен и сопственик на ФОН Универзитетот, Сефер Цаноски, вчера се вратија од Истанбул, Турција, каде за време на викендот се одржа нивната свадбена свеченост, на брод на Босфор.
Велат дека се уште ги средуваат впечатоците и импресиите од настанот со кој го одбележаа заедничкиот живот, и се заблагодарија на сите добронамерници за искрените честитки. Сезен, која што изминативе месеци се најде во центарот на вниманието на јавноста, откако беше објавена веста дека таа е новата избраничка на Цаноски, скромна и срдечна истовремено, на одличен англиски јазик ни раскажа дека сето ова што и се случува во Македонија за неа е доста ново, бидејќи во минатото никогаш не била медиумски експонирана.
-Многу се изненадив кога ги видов моите фотографии во медиумите. Не знаев дека Сефер е толку популарен и дека јавноста се интересира за него и неговиот приватен живот. Сето ова е ново за мене, за прв пат се најдов во медиуми. Благодарна сум на сите кои ни посакаа среќа и љубов во заедничкиот живот и поласкана сум од вниманието – вели банкарката за која на социјалните мрежи неретко се коментира дека изгледа како да излегла од насловната страница на модно списание.
Двајцата се запознале случајно во Истанбул, и во тоа време Сезен не знаела дека Сефер е познат бизнисмен кој е доста интересен за медиумите. И Сефер се заблагодари на честитките, и открива дека сега, по свадбата повторно се враќа на работните обврски.
-Поради моите професионални обврски патувањето за медениот месец ќе го одложиме за понатаму. Имам многу новитети на професионално поле, така да сега ми следува доста работен период. Околу шпекулациите дека очекуваме бебе со Сезен, одговорот е дека се уште нема такво нешто, вљубени сме и посветени на нашата љубов – изјави Цаноски.
Вики Клинчарова