Севернокорејски хакери украле 400 милиони долари во криптовалути

by fokus

Хакери од Северна Кореја украле околу 400 милиони долари во криптовалути во текот на 2021 година, пренесе Би-Би-Си.

Компанијата за анализа на блокчејн Chainalysis пренесува дека мета на нападите главно биле инвестициски фирми и централизирани берзи.

Од 2020 до 2021 година, бројот на хакери поврзани со Северна Кореја скокна од четири на седум, а вредноста извлечена од овие хакери порасна за 40 отсто, се вели во извештајот на Chainalysis.

Хакерите користеле голем број техники, вклучувајќи мамки за фишинг, експлоатирање на кодови и малициозен софтвер за да ги симнат средствата од „жешките” паричници на организациите и потоа да ги пренесат на адреси под контрола на Северна Кореја, соопшти компанијата.

Поврзани новости