Северна Македонија останува на ЕУ-листата за безбедни земји од ковид

by Fokus

Европската унија оваа недела нема да го менува списокот на земји кои се безбедни за патување врз основа на епидемиолоѓката соостојба.

Листата во моментов вклучува околу 20 земји, вклучувајќи ги САД, Јапонија и Австралија, кои се сметаат за безбедни од здравствена гледна точка.

Списокот ќе се преиспита за две недели, а можно е и порано, во случај да се промени ситуацијата со ковид-19, велат претставници на ЕУ.

Северна Македонија, заедно со Србија и Албанија уште од крајот на јуни се на листата на безбедни земји за ковид-19 од кои може слободно да се патува во ЕУ.

ЕУ секои две недели расправа за епидемиолошката ситуација во секоја од таканаречените трети земји и листата се ажурира со оние држави за кои се смета дека се безбедни за нивните жители да патуваат во ЕУ.

За да се добие статус на безбедна држава, мора да се евидентираат максимум 75 позитивни случаи на коронавирус на 100.000 жители во последните 14 дена во земјата.

Поврзани новости