Северна Кореја истрелала балистички ракети-проектил паднал кај Јужна Кореја

by fokus

Пјонгјанг истрела најмалку три балистички ракети кон Јапонското Море, познато и како Источно Море, соопшти денеска јужнокорејската војска, пренесува ДПА.

Јужнокорејската новинска агенција Јонхап ги цитираше Здружените началници на Генералштабови дека еден проектил полетал кон источниот јужнокорејски остров Улеундо пред да се урне во меѓународните води во Јапонското Море.

Друг паднал во морето во близина на де факто поморската граница со Јужна Кореја, додека третиот паднал во водите источно од градот Сокчо, јави Јонхап.

Според јужнокорејската армија, Пјонгјанг истрелал околу 10 проектили од различен тип.

Новинската агенција Кјодо ја цитираше јапонската Влада која соопшти дека нема извештаи за оштетување на авиони или бродови, додавајќи дека проектилите можеби летале на неправилни траектории.

 

Поврзани новости