Гори во Кичевско и Македонски Брод

by fokus

Два активни пожари има во Кичевско и еден во Македонски Брод, известува Регионалниот центар за управување со кризи Охрид.

Пожарот што избувнал на 30 октомври во 13 часот во близина на Тајмиште во општина Кичево е сè уште активен.

Во гасењето на пожарот вчера  интервенирале четири лица од ЈП Национални шуми подружница Лопушник.

Според последните информации, пожарот се движи во правец на селото Колари, но сè уште е далеку од населеното место.

Сè уште е активен и пожарот над кичевското село Бачишта, кој почна на 30 октомври во 20:30 часот. Според РЦУК Охрид, со пожарот е зафатена нискостеблеста шума, лисја, папрат и ниска вегетација.

Поврзани новости