Американскиот политички аналитичар и професор на универзитетот „Џон Хопкинс“ во Вашингтон, Даниел Сервер, во интервју за МИА ги коментира најновите случувања околу дипломатската војна меѓу Русија и Западот поради случајот „Скрипа“. Според него Вашингтон високо го цени гестот на македонската Влада да се приклучи во заедничките американско-европски напори да се испрати силен сигнал кон Москва оти, како што вели, Русија треба да запре со својата незаконска агресија врз други суверени земји.
-Руската закана до Македонија е празна и бесмислена. Сериозни обиди за дестабилизација имаше во последната година од владеењето на Никола Груевски со протестите и руската иконографија. Исто така, некои млади Македонци свесно или несвесно работеа во полза на руската агресија во американските избори во 2016 година. Значајно е тоа дека новата македонска Влада ја смета таа агресија за сериозна. Што мајка бара Русија во одлуката дали Македонија треба да влезе во НАТО или не. Тоа решение треба да го донесе народот во Македонија преку своите избрани претставници во власта и Русија со тоа нема ништо. Македонија во никој случај не е закана за Русија и таквите тврдења се целосна бесмислица – вели Сервер.
Според него Македонија треба и мора да влезе во НАТО во ситуација кога Русија шири конфронтација и покажува агресија, како што вели, во Европа и Западен Балкан.
-Тоа е повеќе од потребно. Македонија треба да влезе во НАТО под привремената референца – додава тој.