Сервер: САД нема интерес да прислушува во Македонија

by Фокус 13:05
13:05

Можеби немаме формален договор за сојуз, но борбата на македонската армија под американска команда во Авганистан укажува на многу блиски воени врски, па затоа уверен сум дека САД немаат интерес да бидат вклучени во прислушување во Македонија со цел дестабилизација на земјата, вели американскиот аналитичар и поранешен директор на Институтот за мир во Вашингтон, Даниел Сервер, во интервју за „Гласот на народот“ на ТВ Сонце.

– Грција и Русија имаат далеку повеќе причини да бидат заинтересирани, но не знам со сигурност дали тие се вклучени во прислушувањето – истакнува Сервер, кој не е  убеден во приказната дека се подготвувал државен удар во земјата.

Тој додава дека Вашингтон не поддржува ниту една политичка партија во државава особено, туку демократија и евроатлански вредности.

- Advertising -

Поврзани новости