Серафимов: Добро е што остануваме во игра, штета и мака ни е на сите што дозволивме да изгубиме

by Fokus

Младиот македонски репрезентативен стопер Никола Серафимов, големата иднина на македонската репрезентација кој во Гибралтар пред една недела дебитираше, а вчера го одигра второт меч цели 90 минути за А-селекцијата посочи после убедливата победа дека најважно од сѐ е што Македонија остана во игра за првото место, после ремито на Грузија со Бугарија.

Иако Македонија ќе треба да одигра меч како во Ереван во ноември лани кога ја торпедира Ерменија, па ни треба победа со 4-0 против Грузијците за реванш после поразот пред три дена со 0-3, шансите постојат, а младиот стопер верува дека и тоа е достижно и дека може на крај да се стигне до првото место.

„Одогравме еден навистина добар меч, работата си ја завршивме во првото полувреме, а тоа беше целта и замислата за да се сочуваат силите на дел од фудбалерите, зашто некои одиграа и по три меча во континуитет. Така да, во вториот дел добија шанса и останатите и им честитам на тие што дебитираа во македонскиот дрес. Добро е што остануваме во игра, штета и мака ни е на сите што дозволивме да изгубиме еден таков меч на Арената со Грузија, но што е тоа е, одиме понатаму. Селекторот потенцира дека е најважно да останеме како тим, тоа го покажавме денеска и ќе растеме од циклус во циклус. Јас верувам дека можеме да стигнеме до тоа прво место“, вели Серафимов.

 

Поврзани новости