Сер Карл Џенкинс е „маскираниот“ маж на церемонијата на крунисувањето на Чарлс Трети

by Fokus

Вчера на 6 мај, Велика Британија официјално доби нов монарх – кралот Чарлс Трети. Целиот свет љубопитно го следеше ова величествено крунисување, а дел од гледачите сакаа да откријат кој е „маскираниот“ човек на церемонијата.

На церемонијата покрај познатиот британски композитор Ендрју Лојд Вебер седеше непознат маж.
„Ова изгледа како најевтината и најлошата маска на сите времиња“, е само еден од коментарите на социјалната мрежа Твитер.

Некои ја однесоа шегата предалеку, мислејќи дека маската е реплика на познатиот Тони Клифтон, односно алтер егото на легендарниот американски комичар Енди Кауфман.
Непознатиот маж од церемонијата е идентификуван, тоа е композиторот Сер Карл Џенкинс.

Поврзани новости