525
Сенатот на САД на вчерашното гласање ја потврди Кејт Мари Барнс за нова амбасадорка во земјава на местото на Џес Бејли. Се работи за дипломат од кариера, која досега беше заменик шеф на мисијата на САД во Атина.
-Северна Македонија ќе напредува со унапредување на човековите права, инклузија на различностите, слобода на медиумите и отворен пазар – рече неодамна Барнс пред Сенатот додека ги претставуваше своите приоритети во Македонија.