Семејство со три деца, со автомобил слетало во море кај Џенова, а лекарите се борат за животот на мајката и шестгодишното момче, јавуваат италијанските медиуми.
Според информациите, трагедијата се случила во саботата под се уште неразјаснети околности.
Според медиумите, се работи за семејство од Милано, а несреќата се случила во туристичката зона на пристаништето во Лавања.
Најверојатно поради погрешен маневар, автомобилот паднал од пристаништето во морето.
Еден нуркач и двајца морнари веднаш скокнале во водата за да ги извлечат заробените патници. За жал, мајката и шестгодишното момче не можеле веднаш да ги извлечат и неколку минути останале заробени на задното седиште.
Повреденото момче со хеликоптер е префрлено во болница во Џенова. И тоа и неговата мајка се на одделот за интензивна нега и нивните животи се во опасност.
Според медиумите, таткото и двете деца на возраст од 16 и 12 години се задржани во болница и се во тешка психолошка состојба.