Насилници претепале вчера семејство од Струга, откако претходно братот на еден од нив имал сообраќајка незгода со семејството во рамки на Клиничкиот центар. На 56-годишниот У.Б. од стришкото село Делгожда му ја искршиле левата рака и носот, а го нападнале и неговиот брат, како и неговиот син.
Според полицијата причина за нападот е сообраќајка незгода која се случила претходно околу 14.00 часот во Комплексот клиники “Мајка Тереза” Скопје. Семејството било истепано околу 17.00 часот на булеварот „Крсте Мисирков“.
„Додека У.Б. бил застанат со неговото патничко моторно возило „Пасат“ во кое што биле тројца негови роднини, им се приближиле неколку лица, при што физички го нападнале У.Б. и истиот се здобил со скршеница на левата рака и носот. Според пријавата, напаѓачите го нападнале и неговиот брат и син, по што истите се дале во бегство. Оштетените се упатиле во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде им е укажана лекарска помош“, велат од полицијата.