На Фејсбук група „Во живо од Грција“ вечерва беше објавен апел за помош во потрагата по државјани на Србија.
Според информациите, Александар Јокшиќ и Снежана Стаменковиќ од Јагодина во неделата заминале за Тасос со своите две ќерки.
„Оттогаш е невозможно да стапиме во контакт со нив. Пријавено е во полиција, ја поминале српската и македонската граница, влегле во Грција и оттогаш им се губи секаква трага. Родителите се обидуваат да стапат во контакт со нив, но телефоните се исклучени“ – се наведува во апелот.
Се апелира до агенциите да се вклучат во портагата.
„Бараме туристичките агенции да се вклучат и да проверат во нивните бази дали имаат патници под овие имиња. На овој начин ќе го дознаеме името на хотелот каде што престојувале, ќе контактираме со сопствениците и лесно ќе дознаеме дали пристигнале. Веруваме дека едноставно немале време да се јават. П.С. Постои можност презимето на Александар да е Јоксимовиќ, а не Јокшиќ, бидејќи добивме две жалби со различни презимиња“ – стои на објавата на групата.