Семејство на загинат од Љуботен бара отштета од Јохан Тарчуловски

by fokus 09:27
09:27

Семејството на Рами Јусуоф, кој загина при воените дејствија во Љуботен во 2011 година, бара отштета од  пратеникот Јохан Тарчуловски, под чија команда влегла полициската единица во селото. Барањето на семејството се заснова на пресудата на Судот во Хаг кој го осуди Тарчуловски на 12 години затвор за повреди на законите и обичаите на војувањето.

Во основниот суд Скопје 2, денеска ќе се одржи ново рочиште по судскиот предмет на семејството Јусуфови против Министерството за внатрешни работи.  Тужителите Елмаз и Зенеп Јусуфови бараат надомест на материјална и нематеријална штета од милион евра, а освен тоа бараат и предметот да биде проширен за Тарчулвски. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ во моментов се наоѓа во притвор како осомничен за тероризам и уставно загрозување во врска со насилниот упад на демонстранти во Собранието.

- Advertisements -

Поврзани новости