По три години пауза Нимиц денеска ќе ги седне на маса преговарачите

by fokus 09:38
09:38

Посредникот на ОН во разговорите за прашањето на името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, по тригодишна пауза, денеска и утре во Брисел ќе има средба со преставниците на двете земји Васко Наумовски и Адемантиос Василакис.

Средбата, како што најави канцеларијата на Нимиц, е дел од напорите на ОН да им се помогне на двете страни да најдат заеднички прифатливо решение за прашањето на името.

- Advertisements -

Предвидено е медијаторот денеска да има одвоени средби со претставниците на двете земји, а утре во зависност од текот на разговорите, да биде одржан и заеднички состанок.

Засега нема официјални навестувања дали Нимиц ќе излезе со нови идеи, сугестии или предлог, иако грчките медиуми не ја исклучуваат таа можност.

Извор: МИА

Поврзани новости