724
Семејство кое било во автомобил во дефект на патот Штип-Кочани за влакно се спаси од запалено стрниште од земјоделци од Чешиново-Облешево.
Пожарникарите од Кочани веднаш интервенирале, а семејството било хоспитализирано во кочанската болница, каде им биле санирани повредите. Од пламените јазици, целосно изгорел нивниот автомобил, а биле спасени повеќе куќи и бензинска пумпа во Облешево.