Сексуално образование нема да се воведува, реагира Царовска

by Fokus

Министерката за образование, Мила Царовска остро ги негираше шпекулациите дека ќе се воведува сексуално образование за учениците.

„Лажните вести и монтажи по социјалните мрежи се интензивираат со цел заплашување и лажење на граѓаните. Граѓаните да бидат спокојни, образованието се унапредува и реформира. Сите информации кои деновиве се шират поврзани со сексуалното образование, се целосно лажни и апелирам граѓаните да не наседнуваат. Родителите да бидат смирени, се што работиме е максимално транспарентно и во најдобар интерес на децата. Апелирам да ги следите официјалните канали на МОН и БРО со цел заштита од ваквите манипулации кои, за жал, се почесто ќе ги гледаме“, додава министерката Царовска.

Поврзани новости