Семејствата од „Детонатор“: После Горан на ред се другите функционери да завршат во притвор

by Фокус

Горан Грујоски, кум на акцијата „Детонатор“ е уапсен денес, на ист ден кога пред точно 4 години беа уапсени невините од „Детонатор“. Господ е голем, се вели во писмена реакција потпишана од семејствата на осудените во „Детонатор“.

„Многу мајки плачеа, многу сестри полнеа болници, многу ќерки и синови растеа сами, ама дојде денот кога светлина влезе во нашите души! Ни останаа само уште Горде, Никола и Саше, ќе ве видиме и вас во ќелиите на Шутка, сигурно! Клетвите наши истурени низ солзи ве стигнаа, доаѓа време кога насмевка ќе ги шири нашите уморни лица, а вашите злобно насмеани фаци ќе станат уморни и тмурни! Ве поздравуваат семејствата на невино осудените од ДЕТОНАТОР“, се вели во писмената реакција.

Семејствата се огорчени од судскиот процес и од третманот што власта го има кон обвинетите. Тие сметаат дека за многумина немало докази и нивните дела не биле докажани, но сепак судот под притисок на ВМРО ДПМНЕ, за да ги заштити вистинските криминалци, монторала процес.

Поврзани новости