ДУИ е против измените во ЗКП

by Фокус

ДУИ нема да ги гласа итните измени во Законот за кривична постапка со која рокот на одбраната да спрема докази од 15 се зголемува на 90 дена. Во партијата на Ахмети процениле дека измените со кои се зголемуваат можностите за одбрана на обвинети требе да бидат донесени со консензус во парламентот, а не само од нив и владеачката ВМРО-ДПМНЕ и најверојатно ќе се повлечат од чинот на гласањето.

За опозицијата и стручната јавност овие измени што ги турка ВМРО-ДПМНЕ со цел да го попречи СЈО во својата работа се избрзани и неквалитетни. Американската амбасада преку Твитер реагираше со прашање зошто сега и зошто толку се брза со овие измени во законот за кривична постапка?
На крајот, тешко ќе биде власта да обезбеди две третини од парламентот за да направи измени во Законот за кривична постапка.

Поврзани новости