Семејствата од „Детонатор“: Никола, ти си криминалецот

by Фокус

Семејствата на осудените во акцијата „Детонатор“ напишаа писмо до премиерот Груевски поттикнати од извештајот на Прибе. Го потсетуваат на нивниот случај и укажуваат дека осудените се невини. Во писмото се наведува:

-Никола, те „ДЕТОНИРАШЕ„ ли Специјалниот извештај на Рајнхард Прибе? Како Никола дозволи да се изготви еден таков „МРАЧЕН МАНИФЕСТ„  за тебе, цару наш?

Ти Никола, кој ги остави нашите деца без трошка леб, кој ни го замрзна целиот живот, им ги замрзна сметките на малолетните деца и нивните мајки, баби и дедовци, нормално без да ти чуе, ти Никола кој ги затвори нашите синови, татковци, браќа и сопрузи нарекувајки ги КРИМИНАЛЦИ, како ти Никола се чувствуваш сега, кога сите релевантни фактори на оваа планета ти кажаа во очи дека ти, Никола си КРИМИНАЛЕЦОТ???

Прибе ли е „мрачната сила„ која те демнее ноќе и дење? Прибе ли ти е крив што затвараше и сееше страв со твојот братучед таму каде што ќе ти прфнеше на умот? Или мрачниот Стејт Департмент е виновен за твојата беда?

Не Никола, сам си си крив и сам ќе си одиш, сега или покасно, а нека те обезбедуваат до бесвест твоите чујни и почујни бодигарди Иво Павлов и Дацо Белски!!! Иво, кој сакаше да стане газда без да вложи еден денар во фирмите на осудените ДЕТОНАТОРЦИ, кои ти сега по казна за непослушноста ги затвори и замрзна за век и веков, и Дацо кој ги рекетираше „непослушните одметници„  а кој е во елитата бодигарди на твојот братучед!

Иво Павлов – ТВОЈОТ БОДИГАРД кој со административна плата купи стан од 120 метри квадратни во зградата на Горде, Ставре, Силванева Бонева и остала клика, прв ќе го напушти твојот брод Никола, зошто ние од село си го знаеме, зошто си е вртикапа по гени и педигре!!!

Но Никола, едно да си знаеш, ПРАВДАТА ти тропа на врата Никола, ама онаа вистинската, не лажната што ти преку твоите „покорни слуги„ ја делеше над невиниот народ!

И едно да знаеш Никола, ние, семејствата на невините ДЕТОНАТОРЦИ, обесправени, понижени и маргинализирани,  имаме значаен удел во Извештајот на Прибе,  Никола, ние сме тие кои 24/7 пишувавме до сите релевантни меѓународни фактори за неправдата што ти ни ја нанесе, до сите меѓународни асоцијации за заштита на човековите права и слободи, до сите амбасади на влијателните држави кои имаат свое послаништво во оваа наша чудесна Македонија.

Кога го читаме Извештајот, се читаме самите себеси меѓу редовите на Прибе!

Делот за Народниот правобранител е лично наш дел Никола, наш и на неколкуте на кои им помогнавме да тргнат по нашиот пат!!!

Каменот од блиску доаѓа Никола…

 

Поврзани новости