Семејна расправија заврши со убиство во кичевско

by fokus

Семејна расправија во кичевското село Вранешница заврши со убиство, соопшти МВР. Според полициските информации, вчера околу 20.30 часот во семејниот дом син му нанел повреди со остар предмет на таткото кој потоа починал, а синот е приведен.

Полицијата утврдила дека на случајот му претходела расправија и физичка пресметка во која четириесет и осумгодишниот татко со ловечка пушка му се заканил на дваесет петгодишниот син.

– За случајот е запознаен Јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на обдукција. При увидот, од просториите каде престојувал Ј.К. биле подигнати ловечка пушка бокерица калибар 12х70 со 2 патрони во цевка, ловечки карабин со оптички нишан калибар 7,9мм, кутија со 13 патрони 12х70 и кутија со 10 парчиња боева муниција 7,9мм. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Поврзани новости