Веројатно не би сакале да ја видите озлогласената кобра на пристојна далечина, но во индиското село Шетфал мислат дека не е така.
Змиите и духовноста да одат рака под рака не е вообичаено, но секое правило има исклучок. Доказ е индиското село Шетфал, познато како „земјата на змиите“.
Овде, секоја куќа има посебна област посветена на злобните отровни животни, па дури и кога жителите градат нов дом, тие мора да резервираат место за овие необични миленичиња, кои всушност се прифатени како членови на семејството.
Возрасните примероци на кобрата обично достигнуваат два метри и нивниот отровен залак може да биде фатален во рок од два до шест часа (го парализира нервниот систем, работата на мускулите и дишењето).
Малите деца во Шетфал, освен што си играат со нив во куќата, не се плашат да ги однесат змиите на училиште. Училниците се преполни со нив, а нивните родители и наставници имаат едноставно објаснување за ова: Се плашиме само од непознатото!
Всушност, низ цела Индија змиите (заедно со кравите) се свети животни, кои имаат посебен, може да се каже – култен статус. Тие ја претставуваат и смртта и новиот живот бидејќи ја фрлаат кожата и се „преродуваат“ со пресоблекување.