ЗНМ нема да биде дел од политички пазар на партиите што ќе биде врз грбот на слободата на медиумите, јавно ќе информираме ако има вакви решенија, истакна Насер Селмани, претседател на Здружението на новинари.
ЗНМ предлага програмскиот сервис да не биде под контрола на владејачките партии, Агенцијата за медиумите да се реформира во совет и да се најде нов начин за финансирање на МРТВ и на регулаторното тело.
– Нудиме системски решенија базирани на европски стандарди, само прашање е дали политичките партии сакаат вакви решенија. Можни се брзи решенија за проблемите што постојат, а тие се засноваат на неколку постулати, политичката битка не се води преку рекламите што ги плаќаат граѓаните, МРТВ е сервис на граѓаните, а не на политичките партии, потребно е независно регулаторно тело – истакна Селмани.