СДСМ ја обвини власта за одолговлекување на преговорите

by Фокус 17:54
17:54

-Некои, пред се претставниците на власта, изнаоѓаат милион причини да ги заобиколат решенијата на преговорите и да се исполнат роковите. Да ги дефинираме решенијата, да не купуваме време. Да седнеме ден порано, да ги решиме отворените прашања бидејќи победникот на 24 април треба да има полн легитимитет, изјави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Според лидерот на опозицијата, меѓународната помош е добредојдена, но уште поважно е сите партии да бидат фокусирани на изнаоѓање решение. Потсетува дека до 15 октомври треба да се затвори и прашањето за медиумите, а само 5 дена потоа, по предлог на опозицијата, треба да се назначат нови министри и заменици. Кадровските решенија, вели Заев, ќе почнат да се бараат овој викенд.

- Advertisements -

-Посебно внимание ќе посветиме на изборот на министерот за внатрешни работи. Се работи за целосно наше решение, предлог на опозицијата, но треба да биде професионалец експерт, рече Заев.

 

Поврзани новости