685
Поранешниот министер за здравство, Имер Селмани во денешното гостување во Студио 10 на ТВ 24 говореше за состојбата со корона вирусот во Македонија.
Како што истакна тој, на здравствените работници, кои се први на удар во борбата со корона вирусот, треба да им се даде финансиски стимул за нивната работа.
„Сега најтешко им е на заболените. После тоа следува здравствениот персонал. Тие луѓе треба двојно да се стимулираат финансиски и да се наградат за нивната работа со Ковид-19. Не е доволно линеарното покачување на платите“, истакна Селмани.