Селмани: Пресудата за Кежаровски е политички вкалкулирана

by Фокус 12:08
12:08

Единствената правилна одлука на судот ќе беше ослободителна пресуда за новинарот Томислав Кежаровски, изјави претседателот на Здружението на новинари Насер Селмани на денешниот протест на новинарите пред Апелацискиот суд, по пресудата на судот од 2 години затвор за Кежаровски.

– Со оваа одлука Апелација направи политички калкулации. Наместо да води сметка дека новинарот не направи ништо лошо, туку сакаше да открие злоупотреба на јавните институции, одлучи да го спаси образот на тие што направија погрешна процена дека затворањето на новинар во Македонија може лесно да помине – рече Селмани.

Претседателката на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Тамара Чаусидис, истакна дека Кежаровски е новинар кој само сакал и успеал на јавноста да и пренесе дека државите институции од позиција на моќ правеле незаконитости во еден судски процес.

- Advertising -

– Што треба уште да се случи? Ве повикувам сите колеги, но и вас, граѓани, да ни се приклучите во борбата за слобода и слобода на говор која сите ја заслужуваме – апелираше Чаусидис.

Поврзани новости