Селмани: Почна ли политичкото пазарање на сметка на слободата на медиумите?

by Фокус

Може ли некој од Европската делегација во Скопје да објасни зошто европскиот медијатор во разговорите на политичките партии, Питер Ван Хауте, не е присутен на разговорите на комесарот Јоханес Хан со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, каде меѓу другото се разговара и за рефомрмите во медиумскиот систем?

Сакам да го потсетам комесарот Хан на последниот извештај на ЕУ за напредокот на Македонија во 2015 година, каде има добра дијагноза за состојбата со слободата на изразувањето и слободата на медиумите во Македонија. Медијаторот Ван Хауте, од друга страна, со неговите предлози, даде точна терапија за заздравување на македонскиот медиумски систем.

Што е сега проблемот, зошто Ван Хауте недостасува на преговарачката маса?! Секое отстапување од предлозите на Ван Хауте ќе значи изневерување на европскиот сон на македонските граѓани, да имаат слободни и професионални медиуми.

Почна ли политичкото пазарење на сметка на слободата на медиумите, евроските стандарди и европската иднина на Македонија?
Кој ќе ја сноси одговорноста ако се случи тоа? Секако лидерите на четирите политички партии, кои ја доведоа во ова дереџе земјата, но одговорност ќе мора да сноси и еврокомесарот Јоханес Хан, како преставник на Европската Комисија.

ЕУ е потписник на договорот од Пржино и има одговорност да инсистира тој да се почитува целосно, а решенијата да бидат во духот на европските стандарди. Ако Хан прифати да се пазари како џамбас со Никола Груевски, тешко ќе го наруши угледот на Европската Унија во очите на македонските граѓани и ќе ја засени европската перспектива на Македонија.
Ако некој прифати болни компромиси на сметка на предлозите на Ван Хауте, следниот протест на новинарите, нема да биде пред

Владата, туку пред делегацијата на Евртопската Унија во Скопје, затоа што тие ќе бидат соочесници во задушување на слободата на говорот во Македонија!
Како што му наметнавте Специјален обвинител на Груевски, повелете наметнете му ги и предлозите на Ван Хауте за медиумите! Ако сакате, можете! Во спротивно ќе сметаме дека сте лицемери, едно зборите, друго правите!

(Фејбук статус на претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани)

Поврзани новости