Ванхојте сепак дојде напомош во Пржино

by Фокус

По два ипол часа од лидерската средба со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на преговорите им се приклучи и медијаторот Питер Ванхојте, кој во текот на денешниот ден не беше вклучен на средбите, јавува Телма.

На оваа средба ќе се инсистира да се дојде со конечен договор за предвремените избори , па се очекува таа да трае до доцна вечерва. Претходно на заедничката средба со партиските лидери присуствуваат и евроамбасадорот Аиво Орав и амбасадорот на САД Џес Бејли. Пред средбите, Хан рече дека очекува денеска да има добар ден.

Поврзани новости