Апел на претпазливост упати поранешниот министер за здравство, Имер Селмани во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24. Тој рече дека треба многу да се внимава со луѓето кои патуваат и карантинот е нешто што мора да се направи.
„Новите соеви на вирусот ги пореметија очекувањата дека до лето вирусот ќе го снема. Треба властите посебно да внимаваат од потенцијално ризични земји. Бројките засега во нашата држава се релативно стабилни и треба вака да се одржуваме. Очигледно многу моќни економии не успеваат да се изборат со новите соеви. Свеста треба да се дигне на повисоко ниво, не може да се очекува десетина држави да се вакцинираат, а другите кога ќе им дојде време, тогаш. Сум за рестриктивни мерки, пред се за луѓе што патуваат во високоризични земји. Здравјето е пред се, но треба многу паметно балансирање и за економијата. Не можеме да се затвориме, но мора да сме внимателни со патувањата и луѓето кои патуваат, треба да се следат и карантинот е најмалку што може да се направи“, истакна Селмани.