Селмани: Без медиумски реформи не може да има кредибилни избори

by Фокус 16:31
16:31

Избори без медиумски реформи однапред се осудени да бидат нефер и некредибилни, вели претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани.

– ВМРО-ДПМНЕ ги користи медиумите како средство за примитивна политичка пропаганда, за перење мозок на граѓаните и за пресметка со политичките противници. На ВМРО-ДПМНЕ не му сметаат мачките на посредникот Питер Ванхауте, објавени преку социјалните мрежи, туку неговите предлози, кои ако се имплементираат ќе ги ослободат медиумите од контролата на власта. Никола Груевски не сака да се откаже од владините реклами, затоа што преку нив ги корумпира и контролира медиумите – изјави Селмани.

- Advertisements -

Поврзани новости