Селмани: Ако го осудат Кежаровски сите новинари се потенцијални мети за судско гонење

by Фокус

Ако Кежаровски биде осуден тоа ќе значи дека секој од новинарите е потенцијална мета за судско гонење, вели претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“.

– Не сакам да верувам дека по сѐ што се случи во Македонија, по ваков критичен извештај на Европската комисија, по постоењето на сериозна опасност да ја изгубиме препораката за членство во ЕУ, Апелациониот суд да донесе одлука со која сите овие работи ќе ги стави на страна и ќе ја потврди првостепената одлука за Кежаровски. Не би сакал да верувам и ако тоа се случи ние мораме да бидеме подготвени на акција. Мислам дека ако сега како новинари не реагираме, така како што треба да реагираме, ќе испуштиме многу добра можност не само да одбраниме еден колега туку да се одбраниме и себе си – вели Селмани за „Радио Слободна Европа“.

Тој вели дека ЗНМ  никако не можеме да се согласи дека пресудата против „Фокус“, во случајот со директорот на УБК, Сашо Мијалков, е согласно законот.

– Ние тврдиме дека кога судот би го применил законот, нашите колеги требаше да бидат ослободени – вели Селмани и додава дека не треба работите да ги гледаме само црно-бело, затоа што во текот на спроведување на Закон закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета има и добри елементи.

Тој дава пример дека во првостепено одлучување, од 40 тужби коишто се поднесени против новинари, околу 20 се во прилог на новинарите.

Поврзани новости