S.O.S. пораки од Азербејџан

by Фокус 17:50
17:50

Дипломатијата на кавијарот (поткупување на странски дипломати и политичари) по сѐ изгледа дека и понатаму постигнува голем успех. Продолжуваат да пристигнуваат пораките од Азербајџан во врска со почитувањето на човековите права во земјата. И паѓаат како и секoгаш во празнина.

Во една сцена од телевизиската серија „The Newsroom” од Ерон Соркин, водителот Вил Мeкaвој (Џеф Даниелс) се впушта во дисертација зошто Америка не е веќе најголемата сила на светот. Чуствителниот монолог завршува со оваа реченица:

- Advertising -

– Првиот чекор во разрешувањето на еден проблем е да се види дека постои.

Но, како се однесуваат светските политички лидери во однос на тоа? Некои решаваат да се посветат на „проблемите“, додека други избираат да го заобиколат овој концепт на одговорност.

128087Али Хасанов е очигледно е дел од вториве. Како шеф на Департманот на претседателската администрација за социјална политика, Хасанов смета дека во Азербајџан нема никакви проблеми и дека нема потреба да се дискутира за тоа.

– Во моментот во Азербајџан постои апсолутна слобода, има стотина невладини организации, медиумите работат во согласност со законите, луѓето можат слободно да го кажат своето мислење и државата го поддржува развојот на медиумите и на цивилниот сектор – смета Хасанов.

Досадната листа за сѐ што Азербајџан (не) гарантира беше упатена кон меѓународната заедница, а посебно до претседателот на САД, Барак Обама. Додека се обраќаше на заедницата, минатиот месец, во текот на Clinton Global Initiative Forum, Обама спомна имиња на неколку држави. Кина, Венецуела и Русија се внесени во списокот на репресивни режими кои го задушуваат несогласувањето. Но не беа единствените, бидејќи малку подоцна беше номиниран и Азербајџан.

Неодамнешната ескалација на репресија кон невладините организации (оние од независна  припадност) го загрижи Обама, но според Хасанов овие грижи се неосновани.

– Овие изјави и документи, изготвени врз основа на информации добиени од три или од четири лица без да се земе во предвид јавното мислење во Азербајџан, НВО-секторот и стотината медиуми, се неосновани и субјективни – му одговори на Обама, шефот на департманот.

ЗОШТО ТОЛКУ ГНЕВ?

Има една народна поговорка која вели: „Рибата смрди од главата“. Веројатно, во случајот на азерското лидерство и на Хасанов, тежината на оваа поговорка се огласува во поголемиот број на политички акции, без да го споменуваме сериозното влошување на почитувањето на човековите права во текот на летото.

Новинарот од Накчиван и борец за човекови права Илгар Насибов беше најден во несвест во неговата канцеларија откако бил тешко претепан. Друг новинар, соработник на дневникот „Азадлик“, Сејмур Хази, е уапсен со обвинување за „тешко хулиганство“.Двајца политички активисти се во притвор: Мурад Адилов, член на опозицијата со Партијата на Народниот Фронт, и Кхагани Маммад, член на Партијата Мусават. Адилов може да добие 12 години затвор ако биде прогласен виновен за поседување на дроги. Маммад пак е уапсен со обвинување дека нападнал две жени, а всушност тие го нападнале.

ilham

Фотомонтажа на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, претставен како главниот лик од филмот „Диктатор“

Тој е обвинет за хулиганство и моментално е во притвор веќе два месеци. Донесени се нови закони со кои на невладините им се сече странската помош и може да им се блокираат банкарските сметки. Згора на тоа, според Хасанов, ова би било дел од еден легален процес и транспарентност во земјата.

– Се разбира активностите на организациите осомничени за прекршување на законот се испитуваат и ќе бидат преземени сите неопходни мерки за потврдување на фактите. Не ми се допаѓа тоа што некои организации, што не ги почитуваат законските услови на државните органи и што трошат милионски субвенции кои пристигаат од странство, преку нелегални трансакции, да ја обавуваат својата дејност како проповедници на демократијата – вели Хасанов.

По се изгледа никој не сака да го коментира фактот дека НВО-та на Владата остануваат нечепнати и заштитени под топлите крилја на власта.

leyla-yunus-speaks-out

Во исто време, еден од најважните азерски борци за човекови права Лејла Јунус добиваше закани и беше силувања од страна на цимерките во келијата и од чуварите на затворот, каде што се наоѓа затворена од 30 јули. Јунус е уапсена и притворена под истрага, еден ден по објавувањето на отворено писмо до претседателот на републиката Илхам Алијев од кој побара веднаш да бидат ослободени невините блогери и активисти.

Критикувањата на политиките усвоени и кон азерското владетелство содржани во писмото ги чинеше слобода Јунус и нејзиниот сопруг, почитуваниот историчар Ариф Јунус. Се разбира сегашната пресуда не се однесува на писмото, се одлучија за обвинување на фамилијата Јунус за економски криминал и за предавство, како што е случајот со многу дисиденти.

Во едно неодамнешно писмо кое Јунус успеа да го објави преку своите адвокати, во детали го опишува неодамнешно претепување кое го претрпела од еден од чуварите на затворот.

– Ме однесе надвор од келијата додека ми ги виткаше рацете. Потоа ме турна на земја во друга празна келија и почна да ми ја кубе косата и да ме удира во колковите – напишала веднаш по настанот.

Веројатно, господин Хасанов би можел да најде совршено објаснување и за оваа незгода: Инцидентот сигурно се случил затоа што госпоѓа Јунус одбива да ја почитува затворската регулатива.

ДАЛЕКУ ОД ПОГЛЕДИТЕ

Sos-dispacci-dall-Azerbaijan_largeСите ги помниме трите умни мајмунчиња. Често пати недостатокот на една реална акција од страна на западните актери кон Азербајџан е само една реминисенција на оваа приказна. Всушност, сите прекршоци горенаведени како и погрешно разбраното опаѓање на човековите права се случуваат додека азерското лидерство бара меѓународен легитимитет.

Во многу случаи и успева благодарејќи на корупцијата и на алчноста на своите лидери и на милионерската акција на лобирање.

Реалноста, сепак, е мрачна, бидејќи евтината поткупливост на некои европски и американски дипломати ги чини слобода многу храбри Азери. Присутни се и институционалните неуспеси, како што е Советот на Европа, бастион за човекови права и за демократија. Пследниот опис се потврдува како точен само во некои случаи. Што се  однесува до Азербајџан, во 2013 парламентарното собрание на Советот на Европа не успеа да  донесе резолуција во врска со политичките затвореници оставајќи ги борците на човекови  права во таа земја во шок и во очајност. После овој неуспех, азерската влада едноставно го затегна појасот околу активистите за човекови права и неодамна му врати јавно на испраќачот на списокот  на 98. политички затвореници во земјата. Згора на тоа, тој останува во затвор, претрпува  грозоморни услови и осудувања на многу долг период. Без сомневање, ова е плодот на успехот на дипломацијата на кавијарот на Азербајџан.

ДРУГИ СУДЕЊА ВО ТЕК

Пред два дена во судот во Бинагарди почна судењето на Кадија Исмајил, најдобрата истражувачка новинарка во земјата. Таа ризикува да биде уапсена за случајот за клевета отворен против неа. Иронично е дека една новинарка, која во сопствената работа пријавува континуиранослучаи на корупција на владини функционери и членови на познати олигархиски фамилии, е обвинета за клевета.

Кој е наредниот на црната листа на азерската влада е тешко да се каже. Уште треба да видиме. Но кога нема да остане никој, шармот на дипломацијата на кавијарот ќе заврши и ќе може да се напише нова страница за Азербајџан. Сигурно и понатаму господинот Хасанов ќе има нешто да каже:

Дека  сето тоа е само еден тест за да им се докаже на луѓето колку е вистинита демократијата на Алијев…

Arzu Geybullayeva

(Оваа статија оригинално е објавена на порталот Osservatorio Balcani e Caucaso, а на „Фокус“ е преобјавена со дозвола од уредништвото)

Поврзани новости