Селекторот на Црна Гора на мечот против Македонија остана без глас

by Fokus

Фудбалската репрезентација на Црна Гора игра како препородена, откако селекторската функција ја презеде легендарниот југословенски (хрватски) фудбалер Роберт Просинечки.

Легендарниот ас толку добро го склопи тимот на „соколите“ за циклусот пријателски натпревари и максимално ја потроши својата енергија, што по триумфот не можеше да се појави пред новинарите.

После сето она што се виде на натпреварите со Белорусија (2:0) и со Македонија (1:0), неговите избраници ја задоволија локалната јавност, бидејќи не само што славеа, туку ги завршија споменатите натпревари без примен гол!

Она што е особено интересно во соседскиот дуел со Македонците е тоа што Просинечки ја „плати“ победата на Црногорците со тоа што остана без глас! Затоа пред новинарите го испрати својот помошник Гордан Циприќ:

– Направивме многу промени во тимот во однос на првиот натпревар. Имавме неколку проблеми во средните простори, каде Македонците лесно доаѓаа до топката, но за среќа немаше поголеми проблеми. Во продолжението направивме промени, игравме за резултат и го доведовме натпреварот до крајот како што сакавме – изјави Циприќ.

Поврзани новости