59
СВР Тетово информираше дека е поднесена кривична пријава против Ј.Ш.(43) од Кочани.
Таа, како што соопшти полицијата, се сомничи за сторено кривично дело „измама“.
Информациите кои МВР ги изнесе се дека во текот на 2022 година, тетовец ѝ исплатил 45.000 денари на пријавената, која го довела во заблуда дека ќе му помогне да добие странски документи.
Тој останал и без парите, и без ветените документи.