357
Движењето за реформи ДПА и БЕСА се подготвени за соработка со Зоран Заев доколку го добие мандатот за состав на влада.
Претседателот на ДР-ДПА, Зијадин Села порача дека СДСМ не треба да чека некој да му го подари мандатот, туку ако сако да формира влада и ги има бројките ќе треба да почне преговори со албанските политички субјекти.
Села вели дека ќе влезе во коалиција со СДСМ само ако оваа партија претходно донесе Закон за албанскиот јазик, повторно да расправа за Буџетот и ако се продолжи рокот на СЈО.