ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ да објасни врз кој основ бара широка коалиција

by fokus

По пораките од Европската комисија и амбасадата на САД во Македонија, дека претседателот Ѓорге Иванов треба итно да одреди мандатар за формирање на нова влада што поскоро, со реакција се огласија од ВМРО-ДПМНЕ.

Од Европската комисија бараат да појасни на основа на кој дел од Уставот на Република Македонија очекува претседателот  да определи лидер за формирање на „што е можно поширока влада“.

-Секоја држава, особено источно-европските земји имаат потреба од континуирани реформи преку промени на законите, за кои понекогаш е потребно и поголемо мнозинство, како што е двотретинското кое во Македонија е неопходно за промена на некои закони – велат од ДПМНЕ.

Од американската амбасада пак бараат појаснување дали нивната позиција за продолжување на разговорите за формирање нова влада, еден ден откако ДПМНЕ побара нови избори, значи дека САД сугерираат да нема нови предвремени парламентарни избори и дали тоа е официјален став на новата администрација на САД.

Поврзани новости