446
Премиерот Зоран Заев игра валкана политичка игра со тоа што ја притиска албанската опозиција, обвинува лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села.
„Во демократија, опозицијата е орган на суверенитетот на граѓаните, многу витален, колку и самата власт. Да ја притискаш опозицијата, значи да ги притискаш граѓаните. Толку би кажал сега за сега за валканата неколумесечна политичка игра на премиерот Заев. Заведува и не избира! Тоа е продолжување на планот кој е отпочнат уште од објавувањето на „бомбите“ за деградација на политичките албански фигури, што рака на срце не е многу сложено, со тоа што го има на сцена“, напиша Села на својот Фејсбук профил.
Според него, Заев ја губи довербата кај албанскиот електорат, па развива план за деградирање и понижување на албанската политика, присвојувајќи ги кон себе и укажувајќи им да внимаваат што ќе кажат во јавноста доколку сакаат да бидат дел од владината коалиција.