ГАЛЕРИЈА: Кениецот Бивот победи на скопскиот маратон, нашиот Ивановски беше најбрз на полумаратонот

by Фокус

Победник на 14-тиот скопскиот маратон е Кениецот Еванс Кипкемои Бивот, кој делницата долга 42 километри ја истрча со време од 2 часа, 14 минути и осум секунди.

Во полумаратонот од 21 километар најбрз беше нашиот атлетичар Дарио Ивановски, кој имаше најбрзо време од 1 час, 10 минути и десет секудни.

Инаку, низ скопските улици на „Виз Ер Скопскиот маратон учествуваат рекорден број од 10.000 натпреварувачи од 58 земји, меѓу кои професионални атлетичари, но и  голем број граѓани.

ФОТО: Томислав Георгиев

Поврзани новости