Ставовите на партијата Левица речиси никогаш не се совпаѓале со ставовите на албанските партии. Оваа партија сега е дел од новото мнозинство што го најавува Мицкоски, а останува дилемата дали Левица на Апасиев ќе биде дел и од владата. Кои се ставовите на албанските партии во врска со Левица?, го прашаа од ТВ 21 лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села.
-Јас ве прашувам што претставува Левица, се согласувате ли со нив?
Села: Воопшто не се согласувам.
-Значи не се согласувате со тоа што го застапуваат?
Села: Јас што кажувам. Воопшто не се согласувам. Јас не се согласувам со нив, но доколку мене ме прашате…
-Но не кажувате дали имате нешто против или не.
Села: Кажав бре, не се ни дискутира такво нешто, јас кажав дека воопшто не се согласувам со тоа, ниту се дискутира за тоа.
Села додаде дека никогаш не седнал на маса и немал контакти со Левица.
„На локално ниво не се прави, туку на централно? Јас никогаш не сум имал контакти со лидерот на Левица, или да седнам и да разговарам на некоја тема. Г. Мицкоски? Нормално со г. Мицкоски контактите што ги имама беа јавни. И кога прогласивме соработка но и во текот на кампањата имавме средба.“, рече Села.