Мицкоски за заканата на Дардишта: Нели ДУИ беа зелена партија?

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во денешното гостување во ТВ Сител, во врска со заканите од член на ДУИ за војна, истакна дека оваа партија живее во минатото,и наместо реформирани зелени политики се служат со ваква реторика, додека пак СДСМ и Заев воопшто и не ги ни осудија ваквите закани, а партиските нивни соопштенија се полни со навреди кон ВМРО-ДПМНЕ и него лично.

-Таков тип на закани воопшто не би коментирал, освен со згрозување да ги прочитам и да ги заборавам, посебно не би сакал нејзе да ја коментирам затоа што е дама и доаѓа од спротивниот пол имајќи во предвид дека сум човек кој ги почитува жените, а се оквалификувам како човек кој на ваков тип на закани не реагира пријатно, односно таквите создаваат спротивна реакција, така што не би сакал да коментирам нешто кое не враќа назад во минатото, ова се луѓе кои се заглавени во минатото такви им беа и пораките од кампањата, критикуваше Мицкоски.


Тој вели дека од оваа реформирана партија со зелена агенда очекувал да слушне зелени политики, не „да не дозволиме Македонец да биде градоначалник“,  „ние се бориме против ВМРО-ДПМНЕ во Тетово и во Гостивар“, вклучително и за вакви пораки, повик на јуришниците на ДУИ за некаква си војна, а Македонија е членка на НАТО и вакви пораки воопшто не се соодветни, вели Мицкоски.

-Не ги слушнав од СДСМ да ја осудат оваа изјава, а денеска колку што можев да прочитам и Али Ахмети ја осуди истата, а Заев и СДСМ не ги слушнав додека пак нивните соопштенија се полни со гнев и навреди кон мене и кон ВМРО-ДПМНЕ, и претпоставувам дека таа политика е таква па затоа доживеа пораз во два наврати на овие избори, рече Мицкоски.

Тој истакна исто така дека личноста треба да биде веднаш отповикана од државна функција онаму кадешто е предложена, а во услови кога половина милион граѓани живеат со 150 денари на ден, чизмите одамна се заменија со други обувки, истакна Мицкоски.

Поврзани новости